Декант е назив што се користи за парфеми кои се оригинални, но се разделени, односно содржината од големото и скапо шише ќе заврши во стаклено шишенце што ги одржува своите карактеристики, но станува подостапно. Декантот е начин преку кој може да се пробаат многу различни парфеми, без да мора да се купи цело шише.
Предности на декантите
Голема предност е цената, бидејќи овозможува пристап до скапи парфеми, но има и други елементи што го прават декантирањето примамлива опција:
- Малото пакување го олеснува транспортот како при патувања, така и на дневна основа;
- Ако ретко користите парфем, но сепак сакате да го имате за некои посебни прилики, ова е начин да избегнете купување количина што нема да се користи пред датумот на истекување;
- Ви овозможува да го тестирате производот на дневна основа, да ги видите неговите перформанси и да одлучите дали да купите поголемо шише;
- Овозможува да имате голем број на различни мириси без да потрошите цело богатство.
Процес на декантирање
Шишето на главната слика не се продава, само го илустрира оригиналното шише од кое ќе се преточува парфемот. Добивате автентичен мирис преточен од оригинално шише, во помало стерилно шишенце. Вие го бирате парфемот и големината на шишенцето.
По комплетирањето на нарачката, секој декант се точи рачно од шишиња со автентични парфеми, непосредно пред испораката. Се користи стерилна опрема наменета за секој парфем поединечно. Потоа се означува секој декант со етикета и внимателно се пакува за да се спречи негово истекување.
Потврда за автентичноста на парфемите е достапна на барање, поддржана со фотографии од самите шишиња како и сериски кодови и batch верзии.