Мени
Кошничка

Услови за користење

Регистрација на корисник

Со самата регистрација како корисник и креирање на профил, корисникот потврдува дека: има наполнето 18 години, информациите кои ги има обезбедено при регистрацијата а кои се однесуваат на името и презимето, е-маил адресата, поштенската адреса и телефонскиот број,  кои ги користи се валидни во моментот на регистрација и за време на процесирање на нарачката.

Крајниот  корисник е лично одговорен за доверливо чување на своите лозинки и заштита на своите приватни податоци при користење на веб сајтот. Крајниот корисник се согласува со фактот дека пристапот кон интернет понекогаш може да биде повремено недостапен, ненадејно прекинат или исклучен. Крајниот корисник го прифаќа фактот дека постои можност за  прекин на услугите во одредени ситуации  или проблеми поврзани со настани кои се надвор од наша контрола и се согласува дека  нема да бара одговорност за било каква загуба на податоци или грешки кои можат да настанат за  време на преносот на податоци преку интернет.

Постои можност лозинките или корисничките сметки на корисникот да бидат прекинати во било кое време при случај на несовесно однесување или прекршување на било кое правило од условите и правила на користење.


Нарачка на производи

Само регистрирани корисници можат да извршат нарачка на производи преку веб сајтот www.luxdecantsmk.com. По завршувањето на процесот на нарачка, на е-мејл адресата наведена од страна на купувачот при процесот на регистрација, ќе биде испратена електронска порака со потврда за прием на нарачката. За потврдување на нарачката и договор околу испораката на продуктите корисникот ќе биде контактиран на телефонскиот број кој бил внесен при креирање на нарачката.

Прегледот на извршените нарачки и нивниот статус купувачот има можност да ги следи и преку сајтот www.luxdecantsmk.com, во делот "Мој профил".

Сликите и боите на производите објавени на www.luxdecantsmk.com може да се разликуваат од реалните продукти.


Цени на производите

Го задржуваме правото за промена на цените на производите без никаква претходна најава. 

Цената е изразена во евра и тој податок е исклучиво од информативен карактер. Наплатата се извршува во денарска валута.


Начин на плаќање

Плаќањето се врши со банкарски трансфер, по телефонска потврда на нарачката и договор за испорака.


Начин и услови за испорака

Штом се потврди пристигнатата нарачка, пратките најчесто се испорачуваат во рок од 24-48 часа од извршена уплата.

Производите нарачани на www.luxdecantsmk.com ќе Ви бидат испорачани преку пошта или преку курирска/доставна/такси служба, во зависност од Вашата локација.

За нарачки поголеми од 2500 ден. (40€) доставата на пратките е бесплатна за  Скопје зона 1  и останатите градови во МК.

НАСЕЛБИ ВО СКОПЈЕ ЗОНА 1 :  ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ВЛАЕ, КАРПОШ, ТАФТАЛИЏЕ, КОЗЛЕ, ЦЕНТАР, АЕРОДРОМ, КИСЕЛА ВОДА, ЦРНИЧЕ.

Овие услови може да бидат изменети без претходна најава.