Политиката на приватност се однесува на доверливоста на информациите на сите регистрирани корисници на веб страната www.luxdecantsmk.com . Со користење на оваа веб страна податоците се собираат и чуваат во базата на податоци во согласност со законите, со цел да се заштити приватноста на корисниците.
Со пристапување или користење на оваа веб страна, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со политиката на приватност и начинот на употреба на веб страната www.luxdecantsmk.com. Во случај крајниот корисник да не се согласува со Политиката на приватност треба да го напушти сајтот www.luxdecantsmk.com и да не го користи.
Оваа политика на приватност стапува на сила од април 2021 година. Може да се измени во секое време преку објавување на нова политика на приватност во делот на веб страната наменет за Политика на приватност. Новата политика на приватност стапува на сила веднаш по нејзиното објавување на веб страната. Крајниот корисник е одговорен самостојно да ги следи промените на оваа страна.
Малолетни лица не смеат да ја користат веб страната www.luxdecantsmk.com и да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели. Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Во случај на користење на веб страната од страна на краен корисник помлади од 18 години што е против правилата на користење, се оградуваме од одговорност за последиците од таа активност.
Со цел заштита на податоците се преземаат мерки на претпазливост за личните податоци, но сепак не постои 100% безбедна интернет комуникација. Поради тоа не можеме да ја гарантираме безбедноста на било кои информации пренесени преку вебсајтот www.luxdecantsmk.com и не сме одговорни за било каква постапка од трета страна со таквите инфорации.
Лични податоци се податоци кои го идентификуваат одреден краен корисник. Не се собираат никакви информации од финансиска природа како број на платежна картичка и/или број на банкарска сметка. Информациите кои нам ни се потребни се: име и презиме, e-mail адреса, поштенска адреса и телефон за контакт. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.
Корисникот има право во секое време да ја повлечете согласноста за користење на лични податоци во иднина и да биде избришен од системот.
Личните податоци на крајниот корисник не се споделуваат со трети страни, но се користат за испраќање и дистрибуција на административни и промотивни пораки, анализа на податоците, испорака на пакети, испраќање на пошта итн.