Layton - Parfumes de Marley



Објавен 2016-та година, LAYTON е креиран од Хамид Мерати-Кашани за Parfums De Marly. Овој niche парфем e базиран на најдобрите аспекти на многу врвни дизајнерски мириси.


КОГА ДА СЕ НОСИ : Совршен за есен, зима и поладни пролетни температури.

КАДЕ ДА СЕ НОСИ : Исклучително разноврсен и може да се носи насекаде.

ЗА: Унисекс

МИРИСЕН ПРОФИЛ: Ориентален, цветен и дрвенест.

КАРАКТЕР : Луксузен, заводлив и елегантен.

ДОЛГОТРАЈНОСТ: Останува на кожата повеќе од 8-9 часа.

ПРОЕКЦИЈА: Создава меур од мирис од околу 1 метар и го одржува околу 3-4 + часа.


Parfums De Marly Layton се отвора со зелено-ароматична лаванда, слатко-овошно зелено јаболко и цитруси, заедно со нота од сандалово дрво во позадина. Во рок од 30-40 минути по примената, цветниот јасмин, темјанушката и зачинетата мешавина од гераниум заедно со сандаловото дрво и ванила, го создаваат срцето. Последната фаза е составена од кардамон, слатка ванила, мазно-кремасто сандалово дрво, земјено пачули и нота на бибер.


ГОРНИ НОТИ : Јаболко, лаванда, мандарина и бергамот. 

СРЕДНИ НОТИ: Гераниум, темјанушка и јасмин.

ДОЛНИ НОТИ : Ванила, кардамон, сандалово дрво, бибер, пачули и  гвајак дрво.


Овој мирис речиси секој го сака! Тоа е главната карактеристика на овој парфем! Јаболко и ванила, помешани со високо квалитетни масла! Јас исто така добивам бибер и кардамон во сушењето, со нота од јасмин. Одличен мирис, сигурно во топ-5 од куќата, според мојот личен вкус!


Видео рецензија